Американскиот претприемач Марк Лоре откри многу амбициозен план за изградба на целосно нов град во САД. Градот ќе го носи имато Телоса, а го дизајнираше компанијата Bjarke Ingels Group (BIG). Ако се изгради, што во моментот воопшто не е дефинитивно, ќе биде лоциран на ненаселено место некаде во САД, а жителите ќе можат да се вселат до 2030 година.
Лоре е поранешен банкар и успешен бизнисмен кој најмногу е познат по тоа што ја продаде својата страница за е-трговија Jet.com на Walmart за 3,3 милијарди долари пред неколку години. Тој уверува дека градот нема да биде некаква утопија во природа.
„Капитализмот е неверојатен економски модел, но има сериозни маани, особено нееднаквоста на распределбата на богатство и приходи. Многу од тие маани се резултат на моделот на сопственост на кој е изградена Америка. Има ограничено земјиште и тоа земјиште беше заземено пред многу генерации. Беа создадени заедници, парите од даноци беа инвестирани во земјата и затоа земјата со тек на време ја покачи вредноста без сопствениците да мора произведуваат нешто ниту да преземаат ризици. Земјата може да се претвори од неплодна пустинска почва во модерен град времен милиони или трилиони долари” вели Лоре.
Одговорот на Лоре на тоа е нешто што тој го нарекува еквитизам. Тој планира да купи големо парче земја со површина од околу 60.700 хектари, кое ќе биде донирано за општините. Така демократски ќе се менаџира со приходите од изнајмување со цел да се финасираат други услуги како образование, здравство итн. без да се покачуваат даноците.
Во оваа фаза се уште нема многу детали за проектот, но се очекува да биде изграден идиличен град со фарми и зеленило, исполнет со енергетски ефикасни дизајни од типот на соларни панели и системи за собирање на дождовната вода. Голема кула наречена Equitism Tower ќе се издига среде централниот парк и ќе интегрира многу зеленило. Пешаците ќе имаат приоритет во градот, каде што транспортот главно ќе се состои од велосипедисти, бавни автономни автомобили и воздушни такси.
Идејата е да се гради градот во фази. Првичната фаза ќе чини над 25 милијрди долари и ќе се протега на 607 хектари со 50.000 жители, а постепено ќе расте и во текот на наредните децении ќе има 5 милиони жители и ќе чини над 400 милијарди долари. Се очекува финансиите да дојдат од различни извори како приватни инвеститори, финалтропи, федерални и државни грантови и субвенции.
Локацијата уште не е избрана, иако како опции се наведуваат Невада, Јута, Ајдахо, Аризона, Тексас и регионот на планините Апалачи. Еден проблем може да бидат природните ресурси како водата, која е во недостиг во некои делови од САД.
(New Atlas)
(фото: Telosa)