Иновативно и модерно образование конечно и во Македонија

- Advertisement -

Сите знаеме, дека квалитетната едукација на нашите деца е еден од клучните фактори за нивен успех во иднината. Едукацијата на нашите деца и нивниотвниот интелектуален развој го трасираат животниот пат на децата, и им овозможуваат отварање на нови перспективи и можности.

Среќни сме што и децата од нашата држава, конечно ќе имаат пристап до квалитетна едукација, преку стекнување на функционално знаење и вештини, во областите кои се најбарани во светот, но и кај нас.

- Advertisement -

Ви ја претставуваме Tinker Labs интернационалнатиобалната едукативна франшиза за СТЕАМ едукација за деца од 4 – 14 години, која од оваа училишна година започнува со работа во државата со три училишни центри во три градови и тоа: Скопје, Струмица и Радовиш.

Tinker Labs нуди уникатен едукативен систем на СТЕАМ едукација, базиран на посебни техники и методи, преку кои ги воведува децата во магичниот свет на науката и технологијата, со што се стекнува квалитетно и функционално знаење, но и се развиваат интелектуални вештини кои се коирисни за секоја сфера во животот.

- Advertisement -

Tinker Labs едукацијата е иновативен образовен систем кој ги опфака сите области од СТЕАМ едукацијата (наука, технологија, инжинерство, математика и уметност) интегрирајќи ги заедно преку интердисциплинарен пристап на учење.

Интердисциплинарниот пристап на СТЕАМ концептот комбиниран со уникатниот Tinker Labs метод и пристап на учење, кој користи иновативни и напредни методи и техники на едуцирање на децата, создаваат извонредна синтеза на совршен едукативен модел кој гарантира интелктуален и социо – емоционален развој кај децата, покрај стекнувањето на квалитетно и функционално академско знаење.

- Advertisement -

Магијата на Tinker Labs едукацијата се состои во посебниот метод на учење, каде што децата учат во училници, кои изгледаат на мали иновативни лаборатории и сето знаење го стекнуваат преку работа на реални проекти, експерименти, истражувања, наоѓање на иновативни решенија и изработка на модели и прототипови. Низ часовите, децата се водени од специјално обучените и сертифицирани учители.

Работејќи и учејќи на ваков начин децата развиваат љубов кон учењето, особено кон науката и технологијата, стекнувајќи самодоверба дека можат да ги разберат и практично применат и најсложените школски концепти, кои порано за да ги научат им создавале стрес и фрустрации.

Начинот на кој децата учат и стекнуваат функционално знаење преку Tinker Labs методот, кој е многу темелен и структуиран, им овозможува на децата да развијат умствени вештини како што се: анализирање, критичко размислување, креативност, решавање на проблеми и барање на иновативни решенија. Бидејќи на часовите тие се инсперирани да ги користат сите овие вештини при експериментирањето и изработката на проектите, од час на час децата ги развиваат и осовршуваат нивните интелектуални вештини.

Tinker Labs програмите се многу богати со содржини од сите области на природните и технички науки. Програмите ја следат акдемската школска година, и особено им помагаат на децата да постигнат одлични резултати во училиште.

Секоја програма е адаптирана на возраста на децата и содржи:
-40 различни теми годишно
-Над 150 експерименти годишно
-Над 80 реални проекти
-Над 200 СТЕАМ поими
-Работа во мали групи до 10 деца
-Иновативни училници, кои изгледаат како мали лаборатории.

Сподели!
- Advertisement -