Никита Подубнов e 23-годишен самоук инженер од Санкт Петербург кој направи сопствено возило со погон на соларна енергија, иако се уште е рустикален прототип, пренесува Еуроњуз.
Домашната алуминиумска рамка има тркала од скутери прикачени на неа и е опремена со панели од 200 вати од четирите страни кои можат да го напојуваат автомобилот до 6 часа со брзина од 30 км / ч. Во сончево време, автомобилот може да продолжи дури и без батерии.
„Пред три години, кога се преселив во Санкт Петербург, се вработив во компанија што произведува станици за полнење електро автомобили, а вработените возеа електро автомобили“, објасни Подубнов.
„Тие не плаќаа за гориво, а јас бев многу љубоморен на тоа. И решив да го направам”.
Подубнов е желен да продолжи да го развива своето возило за кое смета дека е далеку од готово. Главната идеја му е да го подготви автомобилот за долги патувања.
Годинава тој има намера да го земе својот уникатен изум од Самара во источниот дел на Русија на патување до Кина.
Извор – Радио МОФ