Со едноставен петминутен тест може прецизно да се утврди дали веќе сте го прележале КОВИД-19 и дали имате имунитетна заштита која ја даваат вакцините, а потребен е само примерок од крв или плунка.
Кога некој е заразен со новиот корона вирус или ако е вакциниран нивниот имунолошки систем произведува антитела кои се борат со тој вирус. Тие антитела продолжуваат да се произведуваат во телото уште најмалку шест месеци, па може да се искористат за откривање на претходни инфекции или реакции на вакцините.
Тестови на антитела за корона вирусот веќе постојат, но се многу скапи, сложеви или едноставно непрецизни. Тим од кинески научници од Политехничкиот универзитет во Хонгконг, предводени од Фенг Јан, успеаја да развијат многу евтин и прецизен тест на антитела против новиот корона вирус користејќи електрохемиски транзистори.
Тие транзистори ги претвораат биолошките сигнали во електрични и се се попопуларни во откривањето на биолошките молекули како протеини и глукоза. Капките крв или плунка се ставаат на еден од тие транзистори, кои се направени од злато и ставени во мала пластична лента. Како што се врзуваат антителата против корона вирусот на тој транзистор, така тој произведува електрични сигнали кои се читаат на преносен мерач поврзан преку Bluetooth со мобилен телефон. Целиот процес трае помалку од 5 минути.
Новиот тест се покажал многу прецизен во мерењето на нивото на антителата која се употребува на примероци од крв и плунка кои биле контаминирани со различни нивоа на антитела во лабораторија. Јан и неговите колеги сега планираат да вршат клинички тестирања за да потврдат дека тестот работи и во реални услови. Ако клиничките тестирања бидат успешни, Јан и неговиот тим ќе побараат одобрение за продажба на тој тест, а цената која се споменува е помалку од 1 долар.
(New Scientist)
(фото: Flickr)