САД, ЕУ, Кина и Велика Британија се сложија дека вештачката интелигенција е ризик по човештвото

- Advertisement -

САД, ЕУ, Кина и Велика Британија се согласија со текстот на првата меѓународна декларација за вештачка интелигенција, во која се наведува дека оваа нова технологија претставува потенцијално катастрофален ризик по човештвото.

На конференцијата во Велика Британија, која се одржа на 1 и 2 ноември годинава, 28 земји го потпишаа текстот на т.н. Декларација од Блечли, наречена по местото на собирање.

- Advertisement -

„Постои потнецијал за сериозна, дури и катастрофална штета, било намерна или ненамерна, која произлегува од најзначајните можности на овие AI модели“ се вели во текстот на овој документ.

Декларацијата не се сложува со воспоставување меѓународен центар за тестирање на вештачка интелигенција во Велика Британија, како што се надеваа и од британската влада, но таа претставува модел за меѓународна соработка и иднина. Декларацијата беше објавена на денот на отворање на самитот за вечтачка интелигенција во Блечли, централна Англија.

- Advertisement -

Со декларацијата се воспоставува заеднички договор и одговорност за ризиците, приликите и континуитетот на меѓународната соработка на полето на безбедноста и истражувањето на вештачката интелигенција, посебно преку научна соработка, велат од британксата влада.

Усвоената декларација повикува на транспарентност и одговорност на актерите кои ја развиваат најнапредната AI технологија.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Wlallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -