Илон Маск ја лансираше првата туристичка мисија во вселената

- Advertisement -

Мисијата Inspiration4 на SpaceX полета вчера од вселенскиот центар Кенеди на Флорида. Таа мисија е првата туристичка орбитална мисија во светот. Ракетата на SpaceX висока 60 метри беше лансирана со четворица луѓе во орбитата на Земјата.

Мисијата е првата орбитална мисија во историјата на човештвото каде што екипажот е составен само од туристи, односно луѓе кои не се астронаути. Како што пишуваат светските медиуми, тоа го означи почетокот на ерата на вселенски патувања за обичните луѓе.

- Advertisement -

Во текот на тридневното патување во капсулата Crew Dragon планетата ќе се обоколува секои 90 минути и ќе се видат неверојатни панорамски глетки. Туристите поминаа шестмесечни обуки пред да тргнат на патување.

Меѓу патниците се: 38-годишниот милијардер Џаред Ајзакман, кој лично го финансира патувањето; Хејли Арсено, 29-годишен асистент доктор; 51-годишниот геолог и професор на факултет Сиан Проктор и 42-годишниот Локхид Мартин, долгогодишен љубител на се поврзано со вселената.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: SpaceX)

Сподели!
- Advertisement -