Италиjа воведува задолжителна ковид пропусница за сите вработени!

- Advertisement -

Италија ќе воведе задолжителна ковид пропусница за сите вработени во јавниот и приватниот сектор, односно доказ за вакцинирање, прележан ковид-19 или негативен тест. Ова е прва ваква мерка во Европа и важи за една од најстрогите на светот.

Оние кои нема да имаат пропусница ќе бидат суспендирани од работа и можеби ќе им биде стопирана платата после пет дена.

- Advertisement -

Мерката која ќе стапи на сила на 15 октомври има за цел да го поттикне вакцинирањето во земјата која беше тешко погодена од коронавирусот и прва на светот прогласи целосен карантин.

Зелената ковид пропусница веќе се бара на железнички станици низ Италија, како и за влез во кина, ресторани, теретани и базени, а мора да ја покажат и вработените во училиштата. Италијанската влада вчера усвои нов закон со кој употребата на ковид пропусницата се проширува на сите работни места и на вработените во сите сектори, вклучувајќи ги и самовработувањата.

- Advertisement -

„Новата мерка ќе ја подобри безбедноста и ќе ја направи нашата кампања за вакцинирање уште посилна. Сигурни сме дека оваа мерка уште повеќе ќе го поттикне вакцинирањето“, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.

Речиси 65% Италијанци се целосно вакцинирани, но поради делта сојот, бројот на заразени повторно расте.

Сподели!
- Advertisement -