Такси возила неупотребени поради пандемијата прераснаа во мали градини со зеленчук

- Advertisement -

Покривите од такси возила во Тајланд кои останале неупотребени поради кризата со коронавирус сега служат како мали парцели со зеленчук.

Работниците од две такси компании оваа недела ги поставија минијатурните градини користејќи црни пластични кеси за отпадоци испружени низ рамки од бамбус. Одозгора, тие додадоа почва во која беа засадени разновидни култури, вклучувајќи домати, краставици и грав.

- Advertisement -

Резултатот повеќе наликува на уметничка инсталација и тоа е делумно поентата: да се сврти вниманието на маките на таксистите и операторите кои беа тешко погодени од мерките поради коронавирусот.

Според компаниите „Ратчапрук“ и „Боворн такси“, сега има само 500 автомобили што возат по улиците на Бангкок, а 2.500 седат без работа, според 54-годишниот извршен директор Тапакорн Асавалерткул.

- Advertisement -

„Некои возачи ги предадоа своите автомобили и се вратија во своите домови во руралните области кога пандемијата започна минатата година, бидејќи беа многу исплашени“, рече тој.

Повеќето се откажале и ги вратиле своите автомобили за време на вториот бран.

- Advertisement -

Новите инфекции во Тајланд се движеа нешто помалку од 15.000 во последните денови, откако достигнаа врв над 23,400 во средината на август. Владата се надева дека земјата го надминува овој бран, кој беше најсмртоносен досега, сочинувајќи 97% од вкупните случаи на Тајланд и повеќе од 99% од смртните случаи. Вкупно, Тајланд потврди 1,4 милиони заразени и над 14,000 смртни случаи.

Ситуацијата ги доведе такси компаниите во финансиска опасност, се борат да ги отплатат заемите за купување на нивните возила. Компаниите „Ратчапрук“ и „Боворн“ должат околу 60,8 милиони долари, а Владата досега не понудила директна финансиска поддршка.

„Ако наскоро немаме помош, ќе бидеме во неволја“, рече тој за Асошиејтед прес.

Овие градини не нудат алтернативен прилив на приходи. Вработените во компаниите, од кои беше побарано намалување на платата, сега наизменично се грижат за новоизградените градини.

„Зеленчукот е и чин на протест и начин да го нахранам мојот персонал во ова тешко време“, рече Тапакорн.

„Тајланд помина низ политички превирања долги години и голема поплава во 2011 година, но бизнисот никогаш не беше толку страшен“, заклучи тој.

Извор – Радио МОФ

Фото – ФБ страница Sanghai Eye

Сподели!
- Advertisement -