Во првите три квартали од 2019 година украдени над 4 милијарди долари во криптовалути

- Advertisement -

Во 2019 година вкупната сума на измами и кражби во криптовалути изнесува 4,4 милијарди долари, покажа последниот извештај на CipherTrace за третиот квартал на 2019 година. Според извештајот, забележан е пад на вкупниот број криминални дејствија поврзани со криптовалути отколку во претходните квсртали од минатата година, а поради тоа и најниска квартална стапка на кражби и измами со криптовалути во последните две години.

Во третиот квартал сајбер криминалците украле вкупно 6,5 милиони долари на берзите за криптовалути, додека инсајдерите украле 9 милиони долари од корисниците преку Понзи и други шеми. Сепак, вкупната сума украдена во криптовалути е многу поголема отколку во 2018 година затоа што криптокриминалците сега одат по поголеми суми. Во 2018 година вкупната сума украдена во криптовалути била 1,7 милијарди долари, а лани е повеќе од дуплирана – 4,4 милијарди долари.

- Advertisement -

Две најголеми измами, PlusToken шемата (2,9 милијарди долари) и фијаското со најголемата канадска берза за криптовалути QuadrigaCX (195 милиони долари) се одговорни за најголем дел од загубите. Вкупно во 2019 година се случиле 12 хакирања во размената на криптовалути, од кои во 11 биле украдени криптовалути, а во една биле украдени податоци. Вкупно загубата од овие хакирања изнесува повеќе од 292 милиони долари.

Минатата година се случиле и повеќе хакирања на берзите за криптовалути отколку во 2018 година – 12 наспрема 9, а причината за тоа е фактот дека сајбер криминалците развиваат нови и пософистицирани методи за пореметување на протокот на средства.

Сподели!
- Advertisement -