ВИДЕО: Cassie е првиот двоножен робот во светот кој претрчал 5 км

- Advertisement -

Научници од Државниот универзитет Орегон одржаа несекојдневно тестирање на својот двоножен робот наречен Cassie. Роботот мораше да трча 5 километри со едно полнењена батериите по патека во рамките на кампусот.

Роботот успешно ја совлада задачата за време од 53 минути и 3 секунди, со што не го собори светскиот рекорд од околу 12 минути, но стана првиот двоножен робот во светот кој успеал да заврши трка на 5 км.

- Advertisement -

Cassie е направена во лабораторијата на Dynamic Robotics на Универзитетот под водство на професорото Џонатан Херст за 16 месеци со помош на 1 милион долари неповратни средства од Агенцијата за одбранбени истражувачки проекти на САД, а студентите од Универзитетот за нив развивале алгоритми кои овозможуваат различни можности на движење.

„Длабински потпомогнатото учење е моќна метода која на вештачката интелигенција и овозможува вештини како трчање, скокање и одење по скали“ изјави Јеш Годзи, додипломец на Универзитетот, кој учествувал во проектот и и додава дека идејата е роботот во иднина да разнесува пакети, да врши задачи во складишта и да им помага на луѓето во нивните домови.

- Advertisement -

Освен што е првиот робот кој претрчал 5 км со едно полнење на батериите, Cassie воедно е и првиот двоножен робот кој користи машинско учење за управување со одот во отворен простор. Роботот е дизајниран да се движи како голема птица, има многу подвижни зглобови и флексибилни глуждови со погон и систем на вештачка интелигенција за одржување рамнотежа.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -