Болница во Белгија ќе користи вештачка интелигенција за прегледи

- Advertisement -

Болница во Белгија се подготвува за стартување на проектот во кој ќе се користи вештачка интелигенција за прегледи на уво, нос и грло.

EpiCURA, приватна болница во градот Ат во регионот Валонија во Белгија, планира да користи вештачка интелигенција за прегледи на убжво, нос и грло, почнувајќи со пракса на крајот на годинава.

- Advertisement -

Технологијата на белгиската софтверска компанија Bingli ќе се користи во проектот, кој ќе го финансира владата на Валонија.

Според дизајнерите на проектот, одговорите на прашањата од вештачката интелигенција пред консултација со лекарот ќе им заштедат време и на пациентите и на лекарот. На лекарите ќе им биде овозможена и директна интеракција со пациенти во текот на прегледите.

- Advertisement -

Вештачката интелигенција ќе им поставува од 70 до 100 прашања од лекарот пред директната консултација лице во лице. Ова ќе ги направи прегледите поефикасни и значително ќе помогне во дијагностиката.

(N1)

Сподели!
- Advertisement -