Во Холандија потребна КОВИД пропусница и за во тоалет

- Advertisement -

Иако клиентите во холандските барови не се обврзани да покажуваат КОВИД пасош за пиење или јадење на тераса, тие сепак ќе мора да го имаат тој пасош доколку одат во тоалет, објави холандското Министерство за здравство.

Минатата недела холандските власти укинаа некои ограничувања во борбата против коронавирусот, вклучително и укинување на физичката дистанца, но најавија КОВИД пропусници за барови, ресторани и фестивали.

- Advertisement -

„Ако сакате да го користите тоалетот, ќе мора да го покажете вашиот код“, велат од Министерството, потсетувајќи дека QR-кодот со кој се потврдува дека некое лице е вакцинирано е задолжително за граѓаните на возраст од 13 години нагоре.

Меѓутоа, холандскиот премиер Марк Руте неодамна рече дека не е добра идеја да се направи исклучок за клиентите кои седат на терасите на кафулињата, бидејќи луѓето неизбежно ќе мора да влезат да ја платат сметката или да одат во тоалет.

- Advertisement -

„Владата сакаше КОВИД пропусниците да бидат присутни насекаде во хотелската индустрија“, рече неименуван претставник на холандското Министерство за здравство за АФП, додавајќи дека тоа не треба да им пречи на луѓето кои сакаат повеќе слобода.

Сепак, таа слобода не може да биде без некои ограничувања, додаде тој.

- Advertisement -

(Denar.mk)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -