Глобалната економија е на пат кон брзо закрепнување, но се уште е рано за владите да започнат со намалување на поддршката, и покрај зголемената инфлација, објави денеска ОЕЦД во ажурираните економски прогнози.
Глобалната економија се очекува да порасне со стапка од 5,7 проценти оваа година, по наглиот пад од 3,4 проценти во пандемијата 2020 година, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), малку намалувајќи ја проценката на мај за 0,1 процентен поен.
За 2022 година, тие сега предвидуваат дека растот ќе забави до 4,5 проценти, зголемувајќи ја претходната проценка за 0,1 процентен поен.
Се предвидува американската економија да порасне за шест проценти оваа година, повеќе или помалку во согласност со проценката на мај, по што најголемата светска економија треба да забави до 209 проценти во 2022 година. Така, проценката за следната година е подобрена за 0,3 процентни поени.
За Кина, втората по големина светска економија, потврдени се проценките за раст, од 8,5 проценти оваа година и 5,8 проценти во 2022 година.
Проценката за растот на еврозоната годинава беше зголемена за еден процентен поен, на 5,3 проценти, а следната година за 0,2 процентни поени, на 4,6 проценти.
Фото – Pixabay