Нова картичка за брз кеш: прва соработка на финтек компанија со банка кај нас

- Advertisement -

Промовирана првата SN VISA card, која е резултат на партнерска соработка помеѓу првата Финтек комапнија во Македонија  основана со домашен капитал ФД СН Финансии, Силк Роад Банка и VISA.

Оваа картичка клиентите можат да ја добијат засамо 15 мин, што всушност претставува најкраток рок на чекање до кеш кој е познат на овие простори.

- Advertisement -

“ Ова денес е фазата каде што се финансиските ситеми во светот сега, но ова е и фазата каде што сме ние сега и не заостануваме ни чекор, зошто оваа фаза се вика партнерство, во светот познато уште од 2017, а кај нас прво помеѓу банка и  финансиско друштво. Можеби прескокнавме некоја фаза, можеби ни недостигаат и некои сегменти од ФинТек индустријата, ни недостигаат и некои закони кои ќе го забрзаат развојот, но во одреден сегмент токму во ФинТек сферата сме на исто ниво како целиот свет и за тоа треба да сме горди!

Да се вратам на зборот партнерство, тој звучи моќно, особено ако партнерите целат високо.

- Advertisement -

ФД СН финансии со Силк Роад Банка и Visa направија партнерство кое креира нова иднина во сферата на финансиите во нашата земја. Ние сме во еден брзорастечки глобален систем соконкуренција која е галопирачка. Но, конкуренцијата е здрава, не мотивира, не прави покреативни и поиновативни. Развојот на ФинТек индустријата во светот и кај нас е неминовен, а ние сме лидери и сме горди на тоа. “ – истакна Никола Јошевски, генерален менаџер на ФД СН Финасии

SN VISA card е идеална за секој кој сака брз кеш. Поврзаноста со лидерот на глобално ниво за дигитални плаќања VISA, е гаранција дека ова ќе овозможи побрз пристап до кеш до поединци, бизниси и економии кои сакаат да напредуваат. VISA има  издадено повеќе од 3,5 милјарди картици, прифатена е од 70 милони трговци и има моќ да процесира  65,000 трансакции во секунда. Незапирливиот фокус на ФД СН Финансии е кон иновации, како основен катализатор за брзиот раст на дигиталната трговија на кој било уред за секого, насекаде.

- Advertisement -

СН Финансиско Друштво за мошне кратко време,  одлично се позиционира на пазарот, каде што изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето на гаранции, како и факторинг услугите. Комапнија која е целосно орентирана кон клинетите и со евидентен стабилен и здрав раст во изминатите 5 години.

ФД СН Финансии е една од водечките Финтек комапнии во овој дел од Европа, кои наметнаа дигитална револуција во онлајн кредитирањето. 

Компанијата е препознатлива и по сите свои проекти кои и го даваат епитетот на општествено-одговорна комапнија која ги поместува границите кога станува збор и за корпоративна култура, која е суштински темел на нејзиниот успех.ReplyReply AllForwardEdit as new

Сподели!
- Advertisement -