YouTube почна со тестирање на опција која на корисниците ќе им овозможи да преземаат видеа од YouTube, меѓу кои има и ризични веб страници и снимање на десктоп, а популарниот видеосервис сега сака да понуди две поедноставни решенија за корисниците на компјутери.
Станува збор за download копче, односно опција за преземање видеа, која моментално е достапна само за Premium претплатниците. Ова не е големо изненадување затоа што Premium корисниците веќе ја имаат истата опција на мобилните уреди.
Download копчето се наоѓа десно од опцијата Share под видеата, односно покрај менито. После преземањето видеото се складира во офлајн библиотека на YouTube, а може да се гледа во резолуција од 144 до 1.080p, додека опцијата 4K не е достапна.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)