Граѓаните на Сиднеј, кои не се вакцинирани против коронавирусот, ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности.
Според планот за излез од блокадата во најголемиот австралиски град, на невакцинираните луѓе веќе им се скратени некои активности, кои постепено ќе им бидат одобрувани на вакцинираните жители од 11 октомври до 1 декември, пренесува „Ројтерс“.
Премиерот на Нов Јужен Велс, Гладис Береџкилијан, изјави дека на луѓето што ќе изберат да не се вакцинираат може да им се забрани пристап до продавници, ресторани и забавни содржини, дури и кога државата ќе ги укине сите ограничувања.
„Многу компании објавија дека нема да прифатат никого што не е вакциниран. Животот на невакцинираните ќе биде многу тежок, на неодредено време“, изјави Береџкилијан.
(Denar.mk)
(фото: Flickr)