Данска гради училишта без клупи!

- Advertisement -

Данска е една од најуредните земји во светот, а за нејзините жители се смета дека се и најсреќни. Ако го земеме предвид само образованието на нивните деца, изгледа дека тоа не е далеку од вистината. Имено, едно од најновите училишта во градот Варде е изградено по посебни критериуми и битно се разликува од вообичаените училници.

За разлика од училниците каде што има мноштво клупи наредени по некој редослед, Данците осмислиле нови училишни методи фокусирајќи се на љубопитноста и креативноста на децата. Наместо клупи, во новото данско училиште има посебни предметни простории за секој предмет.

- Advertisement -

Собите се организирани според предметот и учениците со самото доаѓање ќе знаат што се прави внатре. Училиштето е градено од материјали како камен, дрво и темно дрво за да се направи пријатна и разиграна средина за учениците. Училиштето се вика Frello и го носи името на локалниот дански уметник Ото Фрело, а ќе биде дом за 900 ученици.

Од Градот Варде се надеваат дека децата таму ќе се чувствуваат како дома. Како што велат од Градот, најбитно им е училиштето да е осигурано за во иднина и да продолжат да гледаат 30-40 години однапред, а не само еден изборен период однапре.

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -