Масивен инфраструктурен проект кој чини 22 милијарди долари ќе овозможи пренос на чиста енергија од масивни соларни фарми на растојание од околу 5.000 км од Австралија до Сингапур. Проектот ќе го реализира австралиската компанија Sun Cable и треба да почне со пренос на енергија преку подводен кабел во 20207 година. За да го направат тоа прво мора да ја изградат најголемата инфраструктура во светот за складирање енергија и соларни фарми.
И покрај статусот на просперитетен финансиски центар во Југоисточна Азија, Сингапур нема голема површина на која може да гради соларни фарми. Земјата неодамна објави дека сака да ја намали емисијата на стакленички гасови за 36% до 2030 година.
Оваа островска држава, која по површина е дупло помала од Лондон, веќе гради пловечки соларни фарми за да ја реализира амбициозната цел, но има уште многу работа затоа што е еден од најголемите емитувачи на стакленички гасови по жител во Азија.
Токму затоа решението го побара во проектот Asia PowerLink. Огромниот инфраструктурен проект ќе биде изграден на Северната територија во Асвтралија на површина од 12.000 хектари неискористено земјиште јужно од Дарвин. Градбата ќе биде толку голема што ќе може да се види од вселената кога ќе биде комплетирана.
Благодарение на иззобилството сончеви денови во тој регион ќе може да се генерираат 17-20 гигавати енергија, кои ќе се складираат во батериски капацитет од 36-42 GWh. Тоа значи дека проектот ќе биде 10 пати поголем од најголемата соларна фарма денес – соларниот парк Бадла во Индија.
Проектот ќе задоволи околу 15% од потребите за енергија на Сингапур, односно ќе произведува доволно струја за 3 милиони домови. Исто така, ќе му помогне на Сингапур да ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 11,5 милиони тони годишно. Изградбата треба да започне во 2023 година и ќе трае околу 4 години. network goes into full operation.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)