Паметни чевли им кажуваат на луѓето со проблеми со видот каде да се движат

- Advertisement -

Паметни чевли им помагаат на луѓето кои имаат оштетен вид или се слепи така што им посочуваат во кој правец треба да се движат. Благодарение на малиот уред кој се става на чевлите и се поврзува со апликација за телефон чевлите им кажуваат каде да одат.

Ако патот пред нив е прав, ќе се почувствува вибрирање на врвот на чевлите. Ако, пак, треба да свртат лево или десно, ќе завибрира левата или десната страна од чевелот.

- Advertisement -

Оваа технологија ја создаде стартапот Ashirase, кој го основаше производителот на автомобили Honda. Како што велат, нивниот изум им помага на луѓето со проблеми со видот да се релаксираат и да не се грижат дали ќе залутаат некаде.

36 милиони луѓе во светот се слепи, а 217 милиони имаат помали или поголеми проблеми со видот.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -