Откако Ел Салвадор стана првата земја во светот која го воведе биткоин како официјално средство за плаќање, што влијаеше и на цената на таа криптовалута на светските пазари, одлучија да почнат и да ја рударат таа криптовалута.
Но, рударењето криптовалути, освен што бара многу моќни уреди за рударење, троши и многу електрична енергија. Затоа Ел Салвадор одлучи да го реши тој проблем со користење на природни ресурси. Поточно, ќе ја користат енергијата на вулканите.
Како што објави на Twitter претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, целиот систем уште е во тест фаза, но има голем потенцијал. „Уште го тестираме и го инсталираме, но ова е официјално првиот биткоин кој е рударен со енергија од вулкан“ напиша Букеле.
Искористувањето на геотермалната енергија за рударење биткоин и не е толку лоша идеја. Станува збор за зелена енергија која е достапна и многу го поевтинува рударењето. Љубителите на криптовалути на Исланд ја користат геотермалната енергија за рударење затоа што островот е богат со вулкани и гејзери.
Како изгледа целиот процес Букеле покажа во своето видео објавено на Twitter.
(Zimo)
(фото: Freepik)