Adidas и Microsoft заедно ќе прават посебни патики за 20. роденден на Xbox

- Advertisement -

Microsoft и Adidas ги здружија силите за заедно да го прослават 20-тито роденден на Xbox со првите официјални Xbox патики. Патиките Xbox 20th Forum Tech се инспирирани од оригиналната конзола Xbox од 2001 година. Обувките се во зелена и црна боја и дури го имаат и оригиналното лого на Xbox. Во стилот на таа ера беше пуштен и трејлер за патики на кој другари играат Halo: Combat Evolved.

Во најавата на Xbox за посебното издание на патики се вели дека станува збор за лимитирана серија и дека патиките ќе бидат подарени на фанови. Во текот на наредните неколку месеци ќе бидат произведени уште Xbox патики, вклучувајќи и патики инспирирани од најновите и малку постари конзоли.

- Advertisement -

(Engadget)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -