Оваа машина одгледува вештачка кожа за пациенти со изгореници

- Advertisement -

Пациентите со изгореници многу често мора цел живот да ги носат своите лузни, поради кои честопати се маргинализирани во некои општества. Сега постои машина која одгледува вештачка кожа токму за таквите пациенти.

Машината може да трансформира многу мало парче кожа од пациентот во парче живо кожно ткиво дури 100 пати поголемо од оригиналното. Традиционалното посериозните изгореници се третираат со ставање тенок слој од кожата на пациентот, но поради ограничената количина таква кожа која може да се извади не може да се третираат поголеми изгореници. Исто така, тие тенки слоеви кожа се главно од најгорниот слој на човечката кожа, а всушност најдолниот слој на кожата е тој што го регулира заздравувањето на раните.

- Advertisement -

Тоа значи дека пациентите со поголеми изгореници имаат ограничено движење и некогаш мора дури да прават и дополнителни операции. Машината denovoCast ги решава и двата проблеми. Според нејзините креатори, таа може да спаси животи и значително да ги намали лузните по телото. Исто така, може да произведе големи количини кожа составена и од горен и од долен слој.

Секоја година 11 милиони луѓе во светот добиваат сериозни изгореници. 70% од тие луѓе се од земји со ниски или средни примања. Креаторите на машината велат дека нивниот изум значително ќе ја намали цената на третманите за лекување изгореници, со што ќе можат да си ги дозволат и луѓето од земјите во развој.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -