12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Digital Office, светски популарната иновативна алатка отсега достапна и за македонските компании

Kabtel desktop

Интервју со Димитар Јаневски, бизнис директор и продукт менаџер на Digital OFFICE

За почеток, може ли да ни објасните подетални што е Digital Office и кој стои позади оваа платформа?

Digital OFFICE е ДИГИТАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА која ве поврзува, автоматизира и забрзува, каде и да сте. Тоа е начин на работа, препознатлив за прогресивните компании кои ги применуваат дигиталните технологии и внесуваат модернизација не само во работењето со крајните корисници туку и во своите внатрешни бизнис процеси. 

Тоа е вашиот дигитален р’бетен столб, внатрешната дигитална сила што го координира и администрира работењето, растот и развојот на компанијата. 

Технолошки Digital OFFICE е cloud платформа која преку едноставен кориснички интерфејс во себе интегрира повеќе функционалности. Најважниот елемент е дигиталната архива, која е КВАЛИФИКУВАНА ДОВЕРЛИВА УСЛУГА услуга што ја гарантира валидноста на сите дигитални документи кои се создаваат во било кој дигитален работен процес. 

Кога ја создадовме дигиталната валидност – преку регулаторна сертификација, создадовме и нов начин на работа преку Cloud & Mobile App, Digital Signing поврзано и забрзано со Business Process Automation, организирано во DMS и зачувано во Digital Archive како квалификувано долгорочно чување на документите (сертифицирано од EU и од МИОА со complaince на личните податоци, GDPR, како и целосен Audit Trail)

Како идеја, Digital OFFICE се роди на Inovation Module на Stanford Business School од страна на основачот на Inbox Data Archive centar кој стои зад овој бренд. Во Digital Office Partners Network се вклучени сериозни бизнис компании како Mikrocop, Telekom, Namirial, Sorsix, Kibs, и листата се зголемува со нашето континуирано растење и развивање.

Кои се иновативните елементи на Digital OFFICE?

Digital OFFICE e бизнис модел иновација. Неговата иновативна сила лежи во фактот што тој создава нови корисници, преку рушење на бариерите на комплексност и цена.  (Market Innovation) Тој во себе вградува 5 познати и достапни технологии и ја менува вредносната мрежа на начин на кој тие технологии кои претходно не биле користени затоа што се комплексни и скапи,  сега се достапни и интегрирани во модел на месечна претплата. Она што претходно можеле да си го дозволат само најбогатите компании, кои можеле да инвестираат милиони евра во дата центри, ултра скапи софтвери и сериозни ИТ ресурси кои знаат да управуаат со тие технологии, сега може да го користат сите почнувајќи од 100 евра месечно. 

Ние ги рекомпониравме елементите, ја презедовме кај себе комплексноста и ги поедноставивме корисничките искуства. Со тоа секој може да го користи Digital OFFICE секој може да дигитализира процес, да си избере од каталог или да го дизајнира самиот, да го започне, контролира и заврши дигитално од PC или мобилен телефон. 

{“key”:”f2″}

Во вашата мисија се декларирате како решение за компаниите кои имаат креативни амбиции и голем број на дневни обврски. Може ли да специфицирате за кој тип на компании е најсоодветно решението кое го нудите?

Креативноста секогаш доаѓа од луѓето како ресурс а ефикасноста секогаш доаѓа од процесите. Процесите се рутинизирани, добро извежбани постапки во кои луѓето со најмалку напор, постигнуваат најголем резултат. Но доколку луѓето (креативниот ресурс) е заробен во ефикасен процес, повторува една иста работа, се изморува и нема функција за креативна иднина. 

Нашата мисија е да ги автоматизираме и роботизираме процесите, рутините, работите што се повторуваат под исти правила, во исто време, на ист начин, и со тоа да го ослободиме креативниот потенцијал на луѓето како најважниот ресурс за создавање подобра иднина. 

Кога процесите се извршуваат автоматски, дигитално, брзо од било која локација, тогаш луѓето можат уживаат во придобивките од технологијата и полесно да се посветат на создаваат подобра иднина за себе и сите нас.

Она што претходно можеле да си го дозволат само најбогатите компании, кои можеле да инвестираат милиони евра во дата центри, ултра скапи софтвери и сериозни ИТ ресурси, сега може да го користат сите почнувајќи од 100 евра месечно! 

Дали Digital Office е решение кое се јави како резултат на предизвиците и проблемите кои се отворија како резултат на Ковид-19 пандемијата?

Можам да кажам дека Digital OFFICE доби вистинско забрзување во времето на пандемијата. Компаниите беа оневозможени да работат со физичко присуство и истите бараа брз начин да продолжат со работа а со Digital OFFICE им помогнавме да продолжат со работа како да е нормално. Во споредба со периодот пред пандемијата, бројот на компании се зголеми х10 и тоа со автоматизација на најразлични процеси. Најчесто предизвик беше ликвидација на фактури, дигитална размена на документи со сметководство без физичко испраќање на хартија, па се додигитално донесување на менаџмент одлуки и нивно дигитално потпишување.

Кои се корисници на Digital Office?

Бидејќи Digital OFFICE а на почетокот на своето иновативно патување, нормално е дека во освојување на пазарот први клиенти се најиновативните компании, и компаниите кои имаат иновативнa свест и потенцијал. Тие секогаш се првите корисници. Со текот на времето тие, лидери во своите индустрии, со дигитализирањето на своите интерни процеси покажуваат и проектираат како треба да се работи дигитално и полека сите го менуваат начинот на работење. Ние веќе имаме клиенти од банкарскиот и телеком секторот, сегментот на комунални услуги, приватни болници, осигурителни компании и сериозни светски ИТ брендови. 

Во една компанија, корисници зависат од тоа кој процес ќе го автоматизирате и какви улоги има тој процес. Пример за автоматизација на влезна пошта и ликвидација на фактури, корисници се јавуваат: Офис асистенти/писарница, одделите кои ја потврдуваат нарачката/нарачатели, сметководство и финанции, менаџмент кој финално потврдува итн. Во други процеси се јавуваат човечки ресурси, набавки, управители и секој кој има извршува некоја улога во тој процес.    

Кој е вашиот таргет-пазар со ова решение?

Digital OFFICE е создаден како концепт – бренд – продукт, за глобалниот пазар. Во нашата стратегија го одбравме домашниот како примарен пазар, каде имаме најголемо знаење и помали влезни бариери, а веќе од наредната година ќе започне глобална експанзија каде во тек се преговори со партнери во Велика Британија и Africa. 

Кои се клучните предизвици со кои се соочувате при пробивање на ова решение на пазарот?

Пазарот налага нов начин на дигитална работа но не секоја компанија е спремна да го прифати тоа и затоа посветуваме внимание на едукација и градење на доверба меѓу клиентите, со цел полесна трансформација. 

Кога зборуваме за домашниот пазар, како предизвик би го издвоил влијанието на законските регулативи и едикацијата. 

Работите се движат во добра насока, голем допринес има донесувањето на Законот за електронско сладирање на податоци донесено од страна на МИОА кое дава одлична основа за дигиталното работење но сепак пазарот треба даа го прифати, како и да следи понатамошно појаснување и дефинирање на сите специфични подзакони, но тоа е природен пат кој ќе го следиме.

Идни планови?

Имаме повеќе 🙂 веројатно тоа е нормално за секоја млада компанија (иако ние сме дел “spin off product” од веќе постоечка добро позиционираната компанија Инбох). Би издвоил две цели, независно од делот за глобална експанзија кој го споменав претходно, и тоа се: 

  • Создавање на заедница на Process Experts – имаме индивидуалци кои се експерти во својата област, имаат познавање и идеја како треба да се одвива ефикасен процес во нивната работа (Сметководство, Набавки и Логистика, Информации, Проект Менаџери итн.) и сакаме да им дадеме можност истите да можат да си дизајнираат свој “Signature Workflow” кој ние ќе го имплементираме и ќе го понудиме на пазарот во концепт на MarketPlace со Royalties.
  • ML Robotic Process Automation – бидејќи нашата платформа нуди можност за API integration (OPEN API) сакаме да градиме партнерства, во конкретниов случај да направиме MVP заедно со компанија која нуди машинско учење и компанија која ќе сака да примени и стави во финкција ваков автоматизиран процес кoј во себе вклучува примена на AI.  

Ние сме отворени за соработка за секој што сака да ни се приклучи заединчи да создавање вредности, независно во кој дел се пронаоѓа (експерт за дизајнира процес, градење на ML model или како компанија која сака да проба Robotic Process Automation), може да не контактира на https://do.mk/contact-us/


Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •