Шесте нови дигитални иновации од годинешниот „Балкатхон“беа преставени денеска во рамки на вториот ден од Дигиталниот сами за Западен Балкан што се одржува во Подгорица.
Меѓу нив е и апликацијата од Северна Македонија „Акцелера“ на тимот ИСЛЛА, што ја претстави Катерина Климовска, што е всушност платформа за поврзување и раст на малите стопански субјекти. Тоа се прави низ пронаѓање на потенцијални клиенти и промоција на бизнис делување на платформата „Акцелера“. Со нејзе, малите бизниси и занаетчиските фирми се поврзуваат со целните пазари, при што се овозможува и нивно поедноставно освојување преку нови начини на пристап до крајните потрошувачи.
Другите апликации се такси апликацијата „Собери.ме“, што ја направи тимот Собери ме од Црна Гора, „Онлајн доктор-е-Здравствена клиника“ што ја направи тимот „Косово дигитал асоцијација“ од Косово, „БИОФРОСТ – еколошки прифатлива биоразградлива пластика“, изработена од истоимениот тим од Србија, онлјан платфоормата „Е-Клиника“, изработена од тимот Е-клиника од Босна и Херцеговина и „Апликација за продажба на органска храна – од земјоделците до вашите домови, што ја направи тимот ХЕСТ“ од Албанија.
Шест апликации беа победници на вториот Балкатхон, регионален натпревар за технолошки иновативни дигитални платформи што го организира Советот за регионална соработка од Сараево со поддршка на ЕУ.