Следнаат недела ќе се знае од каде Македонија ќе набави струја

- Advertisement -

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека следната недела е клучна кога би требало да се знае од каде ќе се набавува електрична енергија.

– Има позитивни сигнали. Наредната недела ќе имаме конкретни сознанија што е тоа што можеме да го понудиме на стопанството, рече Битиќи во изјава за медиумите. Се што е под берзанската цена, според Битиќи, може да се третира како евтина цена.

- Advertisement -

– Имаме ситуации кога цените одат до 1.000 евра по мегават и ако се понуди цена од 300 евра, тоа е навистина евтино зашто е помалку од една третина од цената на електричната енергија. Знам дека капацитетот на стопанството понекогаш не е толку подготвен да го плати, но се обидуваме да им обезбедиме. Ова се времиња на преживување. Со нив сме во секојдневен контакт, со повеќето од претставниците на членките или компаниите на слободниот пазар и следната недела ќе имаме јасна слика што е тоа што ќе го понудиме, изјави Битиќи.

Оние кои се на регулираниот пазар, според Битиќи, не треба да стравуваат дека ќе нема електрична енергија затоа што се обезбедени суровини за доволно производство на електрична енергија.

- Advertisement -

– Тоа значи дека граѓаните и 70 илјади компании кои се наоѓаат на регулираниот пазар не треба да стравуваат за електрична енергија до март следната година, нагласи Битиќи.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -