Почнува реализацијата на „Вирови“, најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија

- Advertisement -

Изградба на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, најавија денеска премиерот Зоран Заев и германската компанија WPD.

Како што е соопштено станува збор за најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес.

- Advertisement -

Ќе се гради ветерен парк т.н. Вирови – најголем капацитет од обновливи извори на енергија во земјава, колку што имаат двата болка на РЕК Битола. Поставени ќе бидат 69 нови ветерни турбини што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе создаваат над 400 мегавати струја.

„Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, ќе снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази.

- Advertisement -

WPD работи во 28 земји и располага со над 5.000 мегавати инсталиран капацитет во обновливи извори. Инвестицијата ја поздрави и германската амбасадорка Анке Холтајн, посочувајќи дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид.

-Драго ми е што гледам се поголема соработка меѓу двете земји во полето на енергетиката. Проектот ги поддржува амбиционзите цели на македонската Влада во енергетската транзиција, истакна амбасадорката и напомена дека договорот ќе трае 45 години.

Сподели!
- Advertisement -