Македонија чекор пред сите во светот – Пуштена во употреба најголемата автоматска линија за резервоари за гас и водород

- Advertisement -

Производната линија на македонските инженери од компанијата „Микросам“ се истакна како прва на листата на светски иновативни достигнувања. Оваа линија, моментално најголема во светот, вклучува бројни машини изработени од Микросам како 4 машини за намотување на карбонски и стаклени влакна, 2 автоматизирани печки, неколку роботи за управување и транспорт, како и станици за манипулација на резервоарите. Целата линија е автоматизирана, контролирана и интегрирана со софтвер од Микросам.

„Микросам“ веќе 30 години е светски позната компанија за производство на машини за современи композити т.н. материјали на иднината. Досега успешно пушти во употреба неколку автоматски линии кои произведуваат преку 1 милион композитни резервоари годишно за природен гас, плински и водородни боци. Моментално, „Микросам“ изработува вакви линии за неколку купувачи низ светот и поседува врвна технологија за изработка на резервоари за складирање на компресиран водород.

- Advertisement -

Придобивките на композитните резервоари се тоа што се поефикасни, не можат да експлодираат и се доста полесни за разлика од класичните произведени од метал. Имаат широка примена од домаќинства, автомобили, автобуси, до големи транспортни цели како еден виртуелен гасовод. Тоа прави да се доста атрактивни во автомобилската индустрија затоа што ја намалуваат тежината на возилото и потрошувачката на гориво. Резервоарите во возилата на Тојота и Ауди се произведени токму од машините на „Микросам“.  

Глобалниот фокус овие денови најмногу е намалување на зависноста од фосилните горива како јаглен, нафта и гас. За разлика од нив, потенцијалот на водород за производство на електрична енергија која ги движи возилата и камионите, наместо голема батерија, има се поголема перспектива. Иднината на транспортната индустрија токму се базира на оваа водородна енергија како поефикасно, поеколошко и енергетски побезбедно решение.

- Advertisement -

На следното видео ќе видите како клиент на „Микросам“ од Русија – JSC Plastik, ги произведува овие резервоари.

Опис: Едниот од роботите ги пренесува внатрешните пластични садови за гас и ги прикачува на машината за намотување на влакна. Кај оваа единица на 4-те мандрели (јадра) се намотуваат карбонски или стаклени влакна. Така намотани понатаму се пренесуваат во станиците за припрема пред печење и складирање. Се печат во печка на одредена температура за да ја добијат својата цврстина и издржливост. Испечени се пренесуваат во станицата наменета за оставање на финални резервоари и се етикетираат соодветно.

- Advertisement -

Како што светот се дигитализира, така и ние одиме напред со роботски, поекономични и поефикасни решенија токму произведени на нашите простори.

Сподели!
- Advertisement -