Министерството за здравство ќе го набави лекот Молнопиравир, единствен лек против Ковид 19

- Advertisement -

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот Молнопиравир, единствен лек против Ковид 19. Министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

Лекот Молонопиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

- Advertisement -

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат. Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход.

Вирусот Ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2, стои во соопштението на МЗ.

Сподели!
- Advertisement -