Сонична четка за заби ви ги чисти забите за само 30 секунди

- Advertisement -

Старата добра четка за заби низ годините има добиено многу надградби и додатоци, а Chiiz е последниот гаџет дизајниран да го олесни чистењето на забите. Моментално е во тек кампања на Kickstarter. Chiiz е сонична автоматизирана четка за заби која ги чисти вашите заби за само 30 секунди, пишува New Atlas.

Идејата за автоматизирани четки за заби е навистина обработувана изминатите децении со цел чистењето на забите двапати дневно да го направи полесно и побрзо, но се уште нема некој производ кој докажува дека концептот е функционален. Се до Chiiz. Оваа четка е прагматична и реалистична верзија на обичната четка зза заби.

- Advertisement -

Гаџетот е многу лесен за користење. Сличен е на фиксни протези за заби и доаѓа во контакт со сите заби. Го има во две величини, кои креаторите тврдат дека одговараат на сечија вилица. На средината на гаџетот има мотор кој со помош на сонична технологија ги чисти забите. Моторот генерира звучни вибрации кои се еднакви на 25.000 потези зо четката во минута, па создава многу пена во устата од посебната паста за заби која оди со Chiiz. На овој начин се отстранува се што ви се заглавило помеѓу забите и ефективно се чистат.

Иако доаѓа со посебна паста за заби, креаторите тврдат дека може да се користи каква било паста или пена. Со едно полнење можете да ја користите четката 10 дена, но благодарение на безжичната станица на која ја чувате, може да ја користите дури и два месеци без да ја полните.

- Advertisement -

Chiiz веќе ја надмина скромната почетна, а за најраните донации можете да ја добиете четката по цена од 69 до 79 долари. Компанијата проценува дека испораката ќе почне во септември годинава.

Сподели!
- Advertisement -