Четвртото издание на изборот за “Мажи на годината” ќе се одржи на 24 ноември во хотел Double Tree by Hilton Skopje

- Advertisement -

Мажи на годината, оваа година по 4 пат ќе ги бира најуспешните мажи кај нас, мажи кои оставиле некаков белег во 2021 година. Во ноември, месецот на машкото здравје ги славиме и избираме најуспешните мажи. Мажи на годината е настан кој за прв пат се организираше во 2018 година во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации и оттогаш традиционално се одржува секоја година.

Оваа година настанот ќе се одржи во хотел Double Tree by Hilton Skopje на 24.11.2021, и ќе биде гала вечер каде ќе ги славиме најуспешните мажи кај нас за 2021 година.

- Advertisement -

“Мажи на годината е настан кој традиционално се одржува секоја година, од 2018 па навака. Настанот има за цел да ги препознае најуспешните мажи кај нас, во 13 категории, и да промовира добри навики и позитивни вредности. Успехот на овие луѓе да биде претставен како позитивна порака пред нашата јавност и овие луѓе да бидат пример за секој еден од нас како треба да се однесуваме и да се реализираме во иднина. И оваа година која е предизвик за сите нас, и борбата со корона вирусот сеуште трае, сакаме да правиме нешто позитивно, нешто кое што ќе биде една светла точка во ова време.” – изјавија од организацијата на Мажи на годината

Минатата година, која беше година на пандемија и борба со корона вирусот, настанот се одржа на Македонската Радио Телевизија, а за Маж на годината беше избран нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, Горан Пандев. За маж на годината во избор на организаторите беше избран Игор Ангеловски-Мрме, селекторот на фудбалската репрезентација, кој ни го донесе најголемиот успех и радост на спортски план, а тоа е пласманот на Европското првенство.

- Advertisement -

Овој настан има една цел, а тоа е да ги препознае најуспешните мажи кај нас, да ги слави нивните успеси, да придонесе за негување на добри навики и да промовира позитивни пораки и вредности.

За маж на годината во 2018 година беше избран доктор Владимир Чадиковски, во 2019 година Мислав Галер кој ја понесе и титулата за маж странец, како и Божидар Јанковски кој беше избран за Маж на годината во избор на организаторите. Во изборот се вклучени голем број докажани професионалци во својата дејност од разни области, како и целокупната јавност кои се дел од жири комисијата. На официјалниот избор за Мажи на годината ќе се избираат најуспешните 13 мажи за оваа година по 13 категории и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности, Маж менаџер на годината, Маж странец на годината, Млад менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, Маж со стил, Хедонист на годината, Маж на годината во избор на организаторите и Маж на годината во избор на социјалните медиуми.

- Advertisement -

И оваа година бидете дел од оваа престижна манифестација која стана препознатлив белег на џентлмените. Заедно да ги избереме најуспешните мажи кои негуваат навики кои носат до успех, меѓусебно мотивирајќи се во правец на поместување на сопствените граници!

Сподели!
- Advertisement -