Американски научници направија револуционерен филтер кој морската вода ја претвора во слатка

- Advertisement -

Кравјото ѓубриво можеби најмногу се користи за збогатување на почвата, но научниците открија начин како да го искористат за претворање на морската солена вода во вода за пиење. Научници од Универзитетот Норвтвестерн развија процес кој го претвора изметот од кравите во филтер за прочистување на солена вода и се надеваат дека нивната иновација ќе придонесе за глобалниот пролем со недостиг од вода за пиење.

Со изложување на ѓубривото на високи температури научниците успеале да го разградат до јагленов прав, кој потоа го претвориле во пена. Таа пена плови на површината на морето, а кога ќе биде изложена на сонце, морската вода под пената се претвора во пареа и поминува низ пената, истовремено филтрирајќи се во вода за пиење.

- Advertisement -

Mилиони луѓе во светот немаат пристап до чиста вода, но не само за пиење, туку и за извршување на другите секојдневни активности како готвење и бањање. Загадената вода за пиење е една од најчестите причини за смрт во многу од африканските земји и во многу сиромашни земји во Азија. Новиот филтер, доколку се комерцијализира, ќе помогне да се реши тој проблем на одржлив и економичен начин затоа што секаде во светот има пристап до кравји измет.

(Daily Mail)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -