Шведска пушти во продажба персонално летало за сите

- Advertisement -

Стартап компанија од Шведска разви персонално електрично летало за кое тврдат дека секој може да управува со него. Леталото се вика Jetson One, а неговата цена е во рангот, на пример, на Tesla Model S.

Во текот на октомври шеведскиот стартaп го лансираше своето електрично летало со способност за вертикално полетување и слетување. Својот прв прототип на леталото Швеѓаните го прикажаа уште во 2018 година, но сега е подготвено за испорака на купувачите.

- Advertisement -

Нашата мисија е летањето да го направиме достапно за сите. Jetson One е електричен хеликоптер кој можете да го имате и да летате со него. Нашата намера е секој да биде пилот“ вели соосновачот на Jetson, Питер Тернстром.

Jetson One е едносдeн со максимална брзина од 101 км на час благодарение на неговата алуминиумско-карбонска школка и моторот со снага од 118 коњски сили. Jetson веќе ги распродаде леталата за идната година, а досега произведоа 12, но за 2023 година им останаа уште три слободни места за нарачување. Резервациите чинат 22.000 долари, а кога леталото ќе биде доставено на адресата на нарачателот, доаѓа во полусклопена форма, а остатокот се склопува дома со прирачник.

- Advertisement -

Вкупната цена на Jetson One е 92.000 долари. Леталото е долго 2,84 метри, широкот 2,41 метар, а високо 1,04 метри. Сепак, леталото повеќе е наменето за забава отколку како сериозно транспортно средство затоа што маскималниот досег му е 24 км. Станува збор за октокотпер со по 2 ротори на секој крак, додека краците може да се преклопат кога леталото не е во употреба. Леталото може да се искачи на максимално 1.500 метри висина, а времето на еден лет е околу 15 минути.

(Daily Mail)

- Advertisement -

(фото: Jetson One)

Сподели!
- Advertisement -