Американски астрономи ја открија првата планета надвор од нашата галаксија

- Advertisement -

Американски астрономи тврдат дека ја откриле првата планета надвор од нашата галаксија. Научниците досега во нашата галаксија, Млечен пат, откриле релиси 5.000 егзопланети кои се вртат околу други ѕвезди, но телескопот Chandra X-Ray можеби ја откри и првата палента со големина колку Сатурн и галаксијата Messier 51, оддалечена 28 милиони светлосни години.

Ова потенцијално откритие е резултат на набљудување на оддалечени ѕвезди, кои кога крај нив ќе помине планета бележат карактеристичен пад на нивото на светлина. Таквите поминувања на планетите може да се откријат со телескопи, а истата техника досега се користи на илјадници откриени егзопланети во нашата галаксија.

- Advertisement -

За можното октритие на ѕвезда надвор од нашиот сончев систем заслужна е д-р Розен ди Стефано од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан на Кембриџ, САД, заедно со своите колеги. Таа и нејзиниот тим барале затемнувања во сјајот на Х-зраците кои доаѓаат од бинарниот систем кој шири Х-зраци и кои обично настануваат поради неутронски ѕвезди или црни дупки, кои од своите придружни ѕвезди извлекуваат гас. Материјалот кој се наоѓа во близина на неутронските ѕвезди или црните дупки станува многу загреан и оддава сјај во спектарот на Х-зраците.

„Методата која ја развивме и ја применивме е единствената употреблива метода за откривање други планетарни системи во други галаксии“ изјави Ди Стефано и додаде дека станува збор за уникатна метода која е многу погодна за откривање планети токму околу бинарни системи.

- Advertisement -

Сепак, Ди Стефано и нејзиниот тим велат дека е потребно да се соберат уште податоци за да се потврди нивното откритие.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: Pikrepo)

Сподели!
- Advertisement -