Средствата кои се инвeстираат за борба против климатските промени мора да се зголемат на 5 милијарди долари годишно до 2030 година, порачаа научници денес и предупредија дека трансформацијата на економијата е премногу бавна за остравување на меѓународните цели кои се однесуваат на органичување на порастот на температурите.
Од превозот, земјоделството до изворите на електрична енергија постигнат е мал напредок да се сузбие порастот на температурите до 1,5 степени Целзиусови во однос на прединудстрискиот период и така да се ограничат најлошите последици од климатските промени, се наведува во студијата која ја направија пет еколошки тинк-тенкови.
Ниту еден од 40 анализирани индикатори не е во склад со целите договорени со Парискиот климатски договор, кој предвидува намалување на просечниот раст на температурите на под 2 степени Целзиусови, а идеално од 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период. Во студијата се наведува дека 25 индикатори не се на задоволително ниво, вклучувајќи ја употребата на јаглен за генерирање електрична енергија.
Иако постојат некои охрабрувачки знаци на некои полиња, вкупните глобални напори за облажување на климатските промени и понатаму се многу слаби. Овие податоци се објавуваат во пресрет на климатскиот саем на Обединетите нации, COP 26, кој почнува од недела во Глазгов. Светските лидери на самитот COP26 и надвор од него треба да ги засилат климатските амбиции и веднаш да делуваат, велат експертите.
Два извештаи на ОН предупредија дека светот е далеку од ограничување на порастот на температурите и дека со моменталните мерења во ова столетие температурите ќе пораснат за 2,7 степени во однос на прединудстрискиот период.
(Dnevnik.hr)
(фото: Pixabay)