Малата јужноамериканска нација Суринам е најпошумената земја на планетата

- Advertisement -

Малата јужноамериканска нација Суринам е најзелената и најпошумената земја на планетата. Таа поставува моќен пример за сите други земји како се зачувуваат шумите. Бујните прашуми покриваат дури 98% од нејзината површина.
Со цел да се заштитат тие тропски прашуми од уништување и идните генерации да можат да уживаат во нив владата соработува со домородното население на создавање посебни заштитени региони. Само во централниот дел на Суринам има природен резерват со површина од дури 1,6 милиони хектари.
Земјата се грижи и нивниот туризам да биде одржлив. Во соработка со експерти за животна средина тие имаат заградено посебни региони каде што е дозволено да се шетаат туристите, а локалното население помогна да се изградат сместувачки капацитети за туристите на навистина изолирана локација.
Сите тие напори резултираа со процут на економијата на земјата. Од создавањето на огромниот природен резерват во 2000 година до денес еко-туризмот е третиот најголем извор на странски посетители во земјата.
Дрвјата се битна алатка во борбата против климатските промени, но Земјата губи по повеќе од 75.000 квадратни километри шуми годишно, што е исто како секоја минута да се прават по 27 фудбалски игралишта. На глобално ниво бројот на дрвја е преполовен од почетокот на човечката цивилизација досега.

The tiny South American nation is the planet’s most forested country

Tropical rainforests cover more than 98% of Suriname. 📕 Read more: https://wef.ch/30fNvHU

Posted by World Economic Forum on Петок, 20 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -