Илон Маск сака да отвори универзитет во Тексас

- Advertisement -

Илон Маск додаде десетици милијарди евра на својата сметка после покачувањето на вредноста на акциите на неговата компанија Tesla и изгледа дека сега сака тие пари да ги инвестира во заедницата и да основа универзитет во Тексас. Маск тоа, како и вообичаено, го напиша на Twitter.

Неговите следбеници на социјалната мрежа ја поздравија таа негова идеја. За сите што не го познаваат Маск, тој има две дипломи – едната е по физика, а другата е по економија. Маск, исто така, требало да магистрира на Универзитетот Стенфорд на полето материјални науки, но се откажал два дена пред да почне интернет бумот.

- Advertisement -

Со оглед на неговото образование, не е тешко да се поверува дека Маск се залага за доброто образвоание. Сепак, ако го знаете Маск, тогаш знаете дека тој честопати има такви твитови. Минатата година, на пример, тој напиша дека колеџот служи само за забава, а не за учење .На една конферецнија тој истакна дека колеџот создава дисциплина на студентите за извршување на досадните задачи пред да најдат работа.

Можеби пандемијата му го смени мислењето на Маск и сега сака да се посвети на фирлантропија. Но, мнозинството од луѓето мислеат дека тоа идејата за градење универзитет во Тексас сепак е само шега. Останува да видиме дали Маск повтоно ќе не изненади како што беше случајот со неговата компанија The Boring Company и со неговата текила Tesla Tequilla.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -