Лидерите на Г-20 ја одобрија реформата на меѓународниот даночен систем

- Advertisement -

Шефовите на држави и влади на Г-20 денеска одобрија историски договор за реформа на меѓународниот даночен систем кој треба да стави крај на даночните раеви со воведување минимален корпоративен данок од 15 отсто за мултинационалните компании. „Сите претседатели на земјите на Г-20 денеска одобрија историски договор за нови меѓународни даночни регулативи, вклучително и минимален меѓународен данок, кој ќе стави крај на конкуренцијата во даночните намалувања кога станува збор за оданочувањето на компаниите“, изјави преку соопштение американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Новите правила треба да стапат на сила во 2023 година, а официјално ќе бидат потврдени во завршната изјава на Г-20 во текот на утрешниот ден.

- Advertisement -

Договорот беше постигнат на почетокот на октомври од 136 земји, кои сочинуваат повеќе од 90 отсто од светскиот БДП, под покровителство на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Реформата треба да им овозможи на овие земји да остварат дополнителен приход од околу 150 милијарди долари благодарение на овој минимален данок.

Фактот дека Ирска, Унгарија и Естонија се приклучија на договорот во последен момент, на почетокот на октомври, му овозможи на ОЕЦД да ги заврши преговорите непосредно пред самитот во Рим.

- Advertisement -

Нивното придружување е многу важно бидејќи Франција сака да го искористи своето претседавање со Европскиот совет од јануари 2022 година за да донесе европска регулатива за минималниот данок, за која е потребна едногласна одлука.

Сподели!
- Advertisement -