Во декември 2017 година истражувачи од МИТ (Технолошки институт на Масачусетс) открија дека пронашле начин да сиздадат растенија кои емитуваат светлина. Тие го постигнале тоа со додавање посебни наночестички во листовите на растенијата и тоа на растенијата им овозможува да емитуваат светлина во текот на речиси четири часа.
Во тоа време тие се надеваа дека ќе успеат да го оптимизираат процесот и дека тие растенија еден ден ќе бидат доволно светли за да осветлат еден дом или канцеларија. Тој ден пристигна порано од очекуваното.
Имено, инженерите на МИТ сега ги надградија своите растенија. Растенијата сега можат да се полнат од ЛЕД сијалица за само 10 секунди и да светат 10 пати посјајно отколку првата генерација, а можат да се полнат постојано.
„Сакавме да создадеме растенија кои емитуваат светлина со честички кои ја апсорбираат светлината, да можат да ја складираат и постепено да ја емитуваат. Тоа е голем чекор кон целосно осветлиување со растенија“ изјави Мајкл Страно, професор по хемиски инженеринг на МИТ и еден од авторите на студијата.
Посебните наночестички исто така го поттикнуваат производството на светлина од повеќе типови на растенија кои емитуваат светлина. Тие, исто така, содржат ензим луцифераза, кој се наоѓа кај светулките. Процесот е пример за забрзаниот развој на полето на растителната нанороботика, каде што научници бараат начини за додавање нови способности и карактеристики на растенијата.
Со цел растенијата да светат подолго Страно и неговиот тим создале т.н. кондензатор на светлина, кој вообичаено е дел од електрично коло и складира фотони, а потоа ги ослободува по потреба. Тој кондензатор може да се стави во повеќе видови ратсенија.
Исто така, истражувачите анализирале дали наночестичките ги попречуваат нормалните функции на растенијата и утврдиле дека растенијата кои светат може нормално да вршат фотосинтеза. Стано и неговиот тим сега работат на создавање растенија кои произведуваат уште посилна светлина подолг временски период.
(Interesting Engineering)
(фото: Wikimedia)