На Марс ќе се произведува гориво од бактерии

- Advertisement -


Научници развија концепт на фабрика за производство на гориво и кислород на Марс. Истражувачите од Институтот за технологија Џорџија работат на концепт на технологија за производство на ракетно гориво и течен кислород на Марс со помош на бактерии кои може да се најдат на Црвената планета, што на идните астрономи ќе им овозможи враќање на Земјата.

Според Институтот, на идните човечки екипажи на Марс за леталото MAV ќе им треба 30 тони метан и течен кислород за да довезат 500 кг товар во орбитата на Марс, каде што ќе чекаат летало кое ќе ги одведе на Земјата.

- Advertisement -

Пресметките на научниците окажуваат дека за екипажот да се врати дома од Марс треба да има 500 тони ракетно гориво донесено од Земјата, а тоа е дополнителен трошок од околу 8 милијарди долари. Затоа, производството на гориво на Марс е еден од приоритетите за идните мисии со човечки екипаж.

Научниците предлагаат користење на бактерии цијанобактерии и генетски модифицирана ешерихија коли за да се произведе алтернативно гориво наречено 2,3-бутандиол, кое на Земјата се користи во производство на синтетичка гума и други полимери. Освен тоа што овој процес ќе произведува гориво, ќе се создадат и дополнителни 44 тони кислород, кој ќе може да се користи за други примени.

- Advertisement -

Пред да ги испратат луѓето на Марс ќе испратат примероци од микроорганизмите и пластични материјали за да може да се направат биореактори со големина на фудбалско игралиште. Во тие реактори сончевата светлина и јаглерод диоксидот ќе достават цијанобактерии кои ќе се третираат со ензими за производство на шеќер. Тие шеќери ќе се извлечат и ќе се додава ешерихија коли за производство на 2,3-бутандиол и кислород, кои ќе се раздвојат со дополнителен процес.

Според пресметките на Институтот, тој процес ќе биде за 32% поефикасен од предложените хемиски фабрики кои би произведувале кислород на Марс со хемиска катализа и би користеле метан донесен од Земјата.

- Advertisement -

Научниот труд е објавен во списанието Nature Communications.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -