Израелскиот професор Залевски за Иновативност: Развиваме технологија за корекција на видот без операција!

- Advertisement -

Професорот Зеев Залевски е декан на Факултетот за инженерство на Универзитетот Bar-Ilan од Израел. Тој е долгогодишен претприемач и истражувач, кој основал и успешно работи со над десетина стартап компании. Во текот на октомври професорот Zаlevsky кратко престојуваше во земјава, пред учеството на конференција за претприемништво и технолошки иновации на Косово.

Во ексклузивно интервју за Иновативност тој зборува за своето истражувачко и претприемничко искуство, за иновации на кои работат неговите компании, но и за можностите за соработка на израелски и македонски стартапи.

- Advertisement -

Новинар – Сања Наумовска

Професор Зеев Залевски, доаѓате од Израел, стартап нација со многу иновации во најразлични области. Може ли да ни кажете нешто за вашите истражувања и иновации?

- Advertisement -

Моето истражувачко искуство е мултидисциплинарно. Најмногу работам на полето на оптиката, поточно на сите полиња кои дури и најмалку имаат врска со оптиката. Работам на медицински проекти, како на пример  биомедицинско сензорирање, но и на проекти за процесирање на информации во микроелектрониката и во оптички комуникации.  Имам и претприемничко искуство. Голем број на технологии кои излегоа од моите лаборатории на Факултетот за инженерство на Бар-Илан универзитетот се комеријализирани. Јас и пред доаѓањето на универзитетот работев со стартап компании, а досега сум основал над десетина. Постојано имам нови идеи, многу повеќе отколку што можам да реализирам.

Велите сте основале десетина компании. Кажете ни на какви иновации работат тие?

- Advertisement -

Имам една компанија која работи на 3D sensing технологијата, а друга која се занимава со оптички комуникации. Исто така имам стартап што се занимава со медицински мониторинг и една што прави микроендоскопија. Со една од компаниите развиваме решенија за мониторирање на прогресот на Алцхајмеровата болест, а со друга работиме на намалување на радијацијата од компјутерските и мамографските уреди без да ја компромитираме резолуцијата на снимката. Имам и компанија која има многу уникатно решение, поточно технологија за корекција на видот која ја решава диоптријата кај пациентите само со капки за очи. Нема потреба од ласерска операција. Пред само неколку денови ги направивме првите in vivo тестирања на свињи, бидејќи нивните очи се најслични на чоевчките. Очекуваме одлични резултати.

Од перспектива на израелски претприемач, создавање на стартап, негова продажба и креирање нов е нормална работа. Кое е вашето искуство?

Мојата цел никогаш не била да основам компанија и да ја продадам. Суштината на претпримеништвото не е препродажба на стартапи или заработување многу пари, туку тоа е патот на претприемачот кој е многу  возбудлив. Прво, стартапите работат на многу важни цели, особено aко работите на полето на медицината. Тогаш можете да придонесете за развој на многу важни решенија што спасуваат животи, а со тоа и да го менувате општеството во целина. Второ, работата на претприемачите е многу интересна. Кај не постои рутина, тој секој ден да е различен. Третата работа се луѓето со кои работите. Тоа се енергични луѓе, полни со живот и желба за истражувања.

СПОРЕД МОЕТО ИСКУСТВО, ПАРИТЕ И ПРОДАЖБАТА НЕ СЕ НАЈВАЖНИ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧОТ, ТУКУ ПАТОТ ДО КОНЕЧНИОТ УСПЕХ.

Како гледате на иновациите по пандемијата на Ковид 19? Мислите ли дека другите земји сега повеќе сфаќаат колку е важно да се инвестира во наука?

Пандемијата речиси воопшто не ги засегна стартапите во Израел. Ние сме мала земја, со ограничени природни ресурси, па технологијата и иновациите се нашиот начин да допринесеме за стабилност. На некој начин Македонија и Израел се слични, според големината и пристапот до природни ресурси, но различни по бројот на жители. Израел може да биде модел за Македонија, а соработката може да се базира на сличните перспективи.

Дали тоа значи дека планирате соработка со некои макдонски стартапи?

Секако. Секогаш сум отворен за соработка. Досега сме соработувале со компании од регионот, од Хрватска, Србија и Црна Гора, но не и од Македонија.

Гледајќи ги промените во светот и предизвиците како што се загадувањето, климатските промени, пристапот до чистата вода и здравата храна, која е улогата на науката и иновациите во иднина?

Дефинитивно, улогата на науката и иновациите е огромна. И тоа е нешто што се гледа на многу начини. Еве, Израел на пример, нема пристап до многу извори на чиста вода, но благодарение на тоа што развивме иновативна технологија, поголемиот дел од водата што ја пиеме е од морето, која е дестилирана и прилагодена за употреба.

Сподели!
- Advertisement -