Никола Ковачевски лансираше иновативен систем за контрола на пристап во згради

- Advertisement -

Да се биде денес иноватор е привилегија. Никола Ковачевски, тоа веќе го чувствува. Наградуван и поддржан од важни играчи на регионалната сцена, кои препознаваат иноватори.

Тој е човекот кој со неговата Simple Mobile Solutions ќе отвара нови врати во неговиот старт-ап бизнис кој го лансира неодамна. Станува збор за систем за контрола на пристап Orion Unlock, хардверско-софтверско решение за отварање на влезни врати. Станува збор за иновативен систем за контрола на пристап во објекти, но на еден сосем поинаков начин. 

- Advertisement -

Новинарка: Љубица Ангелкова

фотограф: Димитар Здравевски

- Advertisement -

Никола, раскажи ни кога започна да се занимаваш со иновации?

Со технологија започнав да се занимавам од најрана возраст, некаде во основно образование, во раните 90ти, кога бев и дел од неколку секции во склоп на тогашната Народна Техника. Љубовта и посветеноста кон технологијата, а особено во радиотехниката и информатиката ми донесе успеси на општински, регионални и републички натпревари. Тогаш, мојот наголем успех беше второ место на републичко ниво на натпревар по радио-техника. Потоа следеа пубертетски години кога сето тоа малку го запоставив – како и скоро секој млад човек кој не сака да пропушти ни една секунда од ноќниот живот. 

- Advertisement -

Во 2018-та решив да се вратам на старите патеки, но морам да признаам дека работите во ИТ индустријата драстично беа променети. Како се’ да морав да учам и да правам од почеток. Тогаш почнав да учам Java, а потоа следеа неколку курсеви во Semos, IWconnect, LinkedIn Learning за развој на Android апликации и backend програмирање.

Пропустите во постоечките технологии на некој начин ме мотивираа низ годините и тие беа причината поради која од секогаш сакав да го сменам начинот и пристапот на нивното функционирање. Тоа и се случи. Почнав да правам проект за домашна автоматизација, кој за жал или за среќа сеуште го немам реализирано, но тоа е голем проект кој бара многу финансии за да се реализира. Во 2019-та се појави Seavus Accelerator, каде што  аплицирав со тој проект и бев избран за учесник во првата акцелераторска програма, што морам да признаам дека е голема привилегија, а секако и признание да се биде еден од десетте учесници на Демо Денот на истата.  Тука научив многу работи од врвни професионалци кои ми помогнаа освен технички, да гледам и од бизнис аспект на работите, бидејќи се’ што е технолошки добро и ново, не е секогаш бизнис исплатливо.

Oбјаснете ни каква иновација е Orion Unlock?

Системот за контрола на пристап Orion Unlock, е хардверско-софтверско решение за отварање на влезни врати т.е систем за контрола на пристап.

Нашиот производ многу едноставно ги решава проблемите на секој онај кој треба да има пристап во определен временски период и со одредени привилегии во некоја просторија. Од другите системи за контрола на пристап на пазарот, Orion Unlock нуди многу повисоко ниво на безбедност за корисниците (за разлика од останатите системи Orion Unlock  е непремостлив).

Функционалностите кои ги има производот се следните:

–       Отворање на влезни врати со мобилна апликација преку интернет

–       Отворање на влезни врати со UID тагови/жетони со NFC технологија

–       Преглед на историја на настани (кој и кога отворил)

–       Нотификации во реално време при обид за неовластен влез или насилно отворање.

–       Додавање и бришење на тагови/жетони преку мобилна апликација со NFC (бесплатно, брзо и едноставно). Со досегашните системи тоа практично чинеше време и пари а воедно и нефункционалност на системите во подолг временски период.

Освен производ, Orion Unlock е и платформа која може да врши интеграција и со институции со цел побрз, поефикасен и побезбеден начин за справување со проблемите на крајните корисници.

Колку време работеше на проектот?

Веднаш по завршувањето со програмата на Seavus Accelerator започнав со набавка на хардвер – материјали за се’ она што ми е потребно од Кина, а во меѓувреме го развивав софтверот за првиот модул од проектот за домашна автоматизација, а тоа е системот за контрола на пристап Orion Unlock. На овој проект работев активно цела година, но кога веќе бев во завршна фаза на прототипот аплицирав на Повикот од Преда Плус фондацијата и Битола Стартап – “И од Битола се може/и”. каде на Демо денот добив грантова поддршка за проектот за промоција и обезбедување услови за пласман на пазар. Додека траеше акцелераторската програма на Преда, го доразвивав производот и веќе имав и MVP за Orion Unlock.

Дали имаше поддршка во изминатиот период и од кого?

Морам да истакнам дека без поддршка немаше да успеам да го реализирам овој проект. Освен консултантската, многу ми значеа и моралната и финансиската поддршкаво во целиот овој период. Тука морам да ги споменам Seavus Accelerator и Seavus едукативен центар, потоа Деан Јошевски од IWconnect едукативниот центар, Тримод Тим од Битола и секако Преда Плус фондацијата која ми даде дополнителен елан за отпочнување на претприемништво. Секако тука се и мојата сопруга и најблиските, без чија поддршка и разбирање од нивна страна можеби би се откажал на пола пат до целта. 

Продуктот е во финална фаза, работиш на промоција и маркетинг. Кои се твоите цели?

Во моментот работиме на маркетинг стратегија и промоција на социјалните мрежи. Наш таргет се влезовите од станбени згради, деловни простории каде што вработените треба да имаат ограничени привилегии за влез во простории, потоа хотели, сали, фитнес центри, спа центри… Нашата цел е првата година да се позиционираме во поголем дел на нашиот пазар, па потоа да се прошириме и во регионот и секако пласман на европски пазар во догледно време. 

Дали системот веќе е вграден во некој објект?

Orion Unlock беше поставен на две локации за тестирање во период од два месеци по што следеше склучување и договор за првата продажба која во моментот е пред самата реализација.

Дали производот може да има надградби?

Како што споменав, освен производ, Orion Unlock е и платформа која овозможува надградување со цел воведување на нови функционалности и подобрување на постоечките. Можноста за интеграција со институции и зголеменото ниво на безбедност се нашето најсилно оружје пред конкуренцијата.

На кое поле планираш да ја развиваш во иднина компанијата?

Сѐ уште сме нова компанија, но нашата визија е првенствено да обучуваме кадри кои би ги регрутирале во нашата компанија со што би создале win-win тим кој ќе нуди квалитетни и одржливи софтверски и хардверски решенија со што нашата компанија ќе стане препознатлив бренд во IT индустријата.

Во твојот работен простор забележавме и спомени и опрема од времето кога беше ДЏ. Слушаш музика додека работиш и колку денес имаш време за тие свое хоби од некогаш?

Додека бев во средно, работев хонорарно како техничар во Радио Битола, па така некако љубовта кон музиката ми стана хоби, а потоа подолг период и професија. Како DJ работев скоро 10 години, но времето си го направи своето. DJ-и почнаа да никнуваат како кокичиња во периодот кога се појавија софтвери во кои само внесуваш плеј листа и самиот софтвер си микса. Бев еден од ретките DJ-и кои останаа до крај на Vinyl во Битола, но во еден период стана веќе неисплатливо да се купуваат нови плочи во однос на хонорарите кои ги даваа кафулињата и ноќните клубови. Во 2016-та решив да се повлечам, но само од ноќниот живот. Во последно време се помалку имам време да слушам музика, но грамофонската плоча и ден денес ми е страшна пасија, па од време на време знам да се опуштам и да си направам забава со добра хаус музика сам или со пријателите.


Сподели!
- Advertisement -