Инстаграм ќе воведе претплата?

- Advertisement -

Корисниците на популарната социјална мрежа наскоро би можеле да добијат можност за поставување претплата за пристап до содржината која ја објавуваат

За повеќето социјални мрежи и комуникациски платформи, примарниот начин за заработка беше од рекламирање. Но, компаниите како Meta (новото име на Facebook), Twiter и други, исто така, експериментираа со нови начини за генерирање приходи, а еден од тие начини е со наплата за пристап до содржините или со воведување претплата. На сите им е јасно дека воведувањето општа претплата за сите корисници на платформата брзо би изгубила голем број корисници, а идејата е да им се овозможи на корисниците воведување на претплата за некоја сопствена дополнителна содржина.

- Advertisement -

Во таков случај, следбениците им ја плаќаат претплатата на самите корисници, а платформите земаат своја провизија. Такво нешто најави Twitter, а наскоро можеме да очекуваме и од Instagram. Имено, во последното ажурирање на апликацијата за iOS и Android се појави нова можност за купување во рамките на апликацијата наречена Instagram Subscriptions, односно претплата во рамките на Instagram.

Официјално, од Meta сè уште не зборува за оваа опција и сè уште не е достапна (се појави само во верзијата за корисници во САД), но според технолошките медиуми, новата опција е наменета за креаторите на содржини на мрежата. Тие во иднина ќе можат да наплаќаат за содржината што ја објавуваат, а корисниците ќе имаат две опции за месечна претплата – 0,99 долари и 4,99 долари.

- Advertisement -

извор: info.mk

Сподели!
- Advertisement -