Автопроизводителите се согласија да ја прекинат продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување до 2040 година

- Advertisement -

Земјите и производителите на возила денеска, во рамки на КОП26, се согласија да ја прекинат продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување до 2040 година според КОП26, но четирите најголеми светски производители не презедоа таква обврска.

Во соопштението од домаќинот на Конференцијата за климата во Велика Британија се ветува дека потписниците ќе се стремат да продаваат само нови автомобили со нулта емисија од 2040 година и „најдоцна до 2035 година на водечките пазари”.

- Advertisement -

Тие рекоа дека ќе ги поддржат владите во нивното барање „да ги направат возилата со нулта емисија достапни, со прифатливи цени и одржливи во сите региони до 2030 година”.

Но, водечките светски производители на возила – Кина, САД, Јапонија и Германија – не се потпишаа на договорот.

- Advertisement -

Водечките производители на автомобили Тојота, Фолксваген и Рено-Нисан-Мицибуши, исто така, не се вклучени на листата. Меѓутоа, Форд, Мерцедес-Бенц, Џенерал Моторс и Волво карс – сите се обврзаа на постепено укинување на автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Патниот транспорт најмногу придонесува за емисиите од сообраќајот, кои сочинуваат околу 20 отсто од целокупното јаглеродно загадување предизвикано од човекот.

- Advertisement -

Во друго ветување, денеска Велика Британија соопшти дека ќе престане да продава нови дизел камиони некаде помеѓу 2035 и 2040 година.

Сепак, еколошките здруженија истакнаа дека обврските не ги опфаќаат главните производители на автомобили со мотори со внатрешно согорување. Мартин Кајзер, извршен директор на Гринпис, Германија, рече дека е „сериозно вознемирувачко” што големите земји и производители не се приклучиле на обврската.

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -