Тошиба ќе се подели на три посебни компании

- Advertisement -

Одборот на директори на „Тошиба“ го одобри планот за поделба на легендарниот јапонски конгломерат на три компании, како што соопшти денеска, по тензиите со акционерите и контроверзната понуда за преземање.

Соопштението ја потврдува веста од почетокот на неделата, која вели дека менаџментот е под притисок на акционерите да ја максимизира вредноста на компанијата со поделба на нејзините компании.

- Advertisement -

Предлогот има за цел да одвои две компании од другите операции на „Тошиба“, едната фокусирана на инфраструктурата, а другата на уредите. Овој потег се очекува да трае две години, со цел двете нови компании да излезат на берзата, соопшти „Тошиба“.

„Разделувањето овозможува посилен фокус на секоја од активностите и значително го олеснува пофлексибилното одлучување. На овој начин, двете компании ќе бидат многу подобро позиционирани да ги искористат предностите на нивните различни пазарни позиции, приоритети и двигатели на растот и да обезбедат одржлив профитабилен раст и зголемена вредност за акционерите“, се наведува во соопштението на компанијата.

- Advertisement -

Одлуката доаѓа по неколкумесечни превирања во компанијата, вклучително и смена на претседателот на одборот.

Сподели!
- Advertisement -