Британски лек против Ковид-19 би можеле да го даваат матичните лекари со инјектирање, доколку регулаторите го одобрат

- Advertisement -

Британската компанија GlaxoSmithKline (GSK) и партнерот Vir во петокот објавија дека нивниот лек против Ковид-19 на принцип на антитела, делува подеднакво добро кога се дава со инјектирање како стандардниот пат преку инфузија, што може да го олесни користењето.

GSK вели дека ќе се обрати до глобалните регулатори, вклучително и Американската агенција за лекови, за одобрување на нов метод на примена, познат како интрамускулна инјекција, кој може да го даваат матичните лекари и кој ќе ги поштеди пациентите од одење во болница.

- Advertisement -

Сотровимаб е одобрен во Соединетите Држави за итна употреба како лек кој спречува егзацербација на благи до умерени случаи на Ковид-19.

Европската медицинска агенција им даде зелено светло на земјите-членки сами да го воведат лекот, но одобрувањето на ниво на ЕУ сè уште се чека.

- Advertisement -

Слични производи нудат или развиваат фармацевтските компании Eli Lilly, Regeneron и AstraZeneca.

Лекот на Eli Lilly се дава само како инфузија или капка по капка. AstraZenecin, кој сè уште се тестира како лек кој потенцијално би можел да спречи инфекција, е исклучиво во форма на интрамускулни инјекции. Регенерон и Рош може да се даваат како инфузија или како инјекција под кожата, обично на абдоменот.

- Advertisement -

(Denar.mk)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -