Стоби флипс во категорија флипсови и Брилијант во категорија сончогледово масло се најпознатите брендови меѓу македонските потрошувачи во годинешното истражување „Најпознати брендови според потрошувачите 2021-ва”.
Според истражувањето Стоби флипс на Витаминка, го има највисокото учество кај потрошувачите во споредба со сите останати брендови во оваа категорија и предводи со 80% препознатливост, а во категоријата сончогледово масло доминантното учество наспроти другите брендови е на Брилијант со 53% препознатливост.
Со одговарање на прашањето кој според нив е најпознатиот бренд во одредена категоријата, потрошувачите можеа да одговорат за сите брендови присутни во малопродажбата и маркетите.
Истражувањето на македонскиот пазар како независно е спроведено од специјализираната агенција за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, на репрезентативен примерок од 1250 активни потрошувачи на територијата на целата држава и со фокус на 18 категории производи за широка потрошувачка. Освен за препознатливоста на брендовите, Инсајдер ИД веќе пет години по ред спроведува истражување и за преферираните ланци на маркети.