Пазарната капитализација на „Тесла“ се намали по новите твитови на Маск

- Advertisement -

Акциите на производителот на електрични автомобили Тесла   повторно паднаа, намалувајќи ја пазарната капитализација на компанијата под прагот од  трилион долари по вторпат во четири трговски сесии. Инвеститорите негативно реагираа на продажбата на акции за вкупно 6,9 милијарди долари од страна на шефот на компанијата Илон Маск.

Пазарната капитализација на Tесла  падна за 187 милијарди долари минатата недела, при што нејзините акции изгубија околу 4,5 отсто од вредноста на 986 долари по акција во почетокот на вчерашното тргување. Бројката го надмина прагот од  трилион долари на крајот на октомври, кога компанијата ја доби најголемата нарачка до сега од мрежата за изнајмување автомобили Херц. Сепак, на почетокот на новата недела нејзините акции поевтинија по спорот во текот на викендот на Твитер меѓу Маск, веќе најбогатиот човек на светот, и сенаторот Берни Сандерс, кој инсистираше богатите да го платат својот „фер дел“ од даноци.

- Advertisement -

Минатата недела Маск продаде 6,36 милиони акции на својата компанија откако спроведе анкета на Твитер за оваа идеја. Аналитичарите велат дека тој потег најверојатно драстично ќе ги намали неговите даноци. Тој мора да се ослободи од уште 10 милиони акции за да го одржи ветувањето дека ќе продаде 10 отсто од својот имот во Тесла.

Сподели!
- Advertisement -