Нов светски рекорд во производство на неограничена енергија – на 48 секунди постигнати 100 милиони степени

- Advertisement -

Научници во Јужна Кореја објавија дека направиле светски рекорд во текот на нуклеарна фузија. Имено, во текот на нуклеарна фузија успеале на 48 секунди да постигнат температура од 100 милиони степени Целзиусови, што е седум пати потопло од јадрото на Сонцето.

На овој начин е направен уште еден чекор напред кон тоа енергија да се произведува со нуклеарна фузија. Имено, со фузијата настојуваат да ја постигнат истата реакција која предизвикува Сонцето и другите ѕвезди да сјаат. Попрецизно, фузијата претставува спојување на два атоми за да се ослободат огромни количини енергија. Честопати се нарекува и светиот грал за решавање на проблемот со климатските проени затоа што има потенцијал да обезбеди неограничени количини енергија без загадување со јаглерод.

- Advertisement -

Но нукеарната фузија е голем предизвик. Производството на енергија со фузија најчесто подразбира реактор во форма на крофна,, наречен токамак, во кој водородот се загрева на исклучително визока температура за да се создаде плазма.

Директорот на истражувачкиот центар KSTAR на Корејскиот инститит за фузиска енергија, Си-Ву Јун напомена дека од витално значење се високите температури и плазмата со висока густина во кои реакцијата може да трае долго.

- Advertisement -

Токму тој институт ја постигна температурата од 100 степени на период од 48 секунди, што е светски рекорд. Тоа се случило во текот на тестирање во декември минатата година и во февруари годинава. Претходниот рекорд бил 30 секунди, а бил постигнат во 2021 година. Јун вели дека не било лесно да се одржи толкава температура поради нестабилната природа на плазмата.

Тој вели дека успеале толку време да ја одржат температурата така што користеле волфрам наместо јаглерод. Целта е до 2026 година да се одржат 100 милиони степени Целзиусови на 5 минути.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -