AstraZeneca има нов лек против КОВИД-19

- Advertisement -


AstraZeneca разви коктел-лек кој е поефикасен од нивната вакцина против КОВИД-19, а најмногу може да помогне на пациентите кои не развиваат доволно антитела со примањето на вакцината. Компанијата објави дека нивниот превентивен коктел од антитела обезбедува 83% заштита против симптоматските болести на КОВИД-19 во текот на најмалку шест месеци од земањето, што значи дека тој коктел е поефикасен од самата нивна вакцина.

Во соопштението AstraZeneca покажа дека и понатаму има водечка улога во трката за развој и дистрибуција на превентивниот лек за КОВИД-19, кој би се дозирал преку инјекција во рака.

- Advertisement -

Нивниот нов лек, кој се вика AZD7442, го намалува ризикот од симптоматска болест на КОВИД-19 во период од шест месеци, според податоците од тестирањето во кое пациенти примиле 300 милиграми доза од тој коктел. При тестирањето не е забележан ниту еден смртен случај или потежок облик на болеста, се вели во соопштението.

Друго тестирање покажало дека лекот го намалува ризикот од потежок облик на КОВИД-19 или смрт од болеста за дури 88% ако се земе во рок од три дена од појавата на првите симптоми. Овие нови податоци се надоврзуваат на се повеќето докази за потенцијалот на AZD7442.

- Advertisement -

Како што истакнаа, испраќаат барања за одобренија од регулаторните тела ширум свцетот. Компанијата се договори со владата на САД дека ќе обезбеди 700.000 дози од ADZ7442 ако американската Агенција за храна и лекови ја одобри неговата употреба по итна постапка.

Нивниот нов лек е направен со комбинација од две антитела кои потекнуваат од имунолошките Б-клетки кои ги донирал пациент кој бил заразен со КОВИД-19.

- Advertisement -

(RT)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -