Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а со поддршка на Европската Унија, започна активности во рамките на регионалниот проект „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“.
Проектните активности, во текот на три и пол години, ќе се реализираат со цел поддршка на ефикасна реинтенграција на повратниците од земјите на ЕУ со посебен фокус на Ромите. Истовремено, ќе се работи и на подобрување на капацитетите на институциите на локално и централно ниво од земјите од Западен Балкан како поефикасно да одговорат на потребите на оваа ранлива категорија.
Во Република Северна Македонија, проектните активности ќе се одвиваат во три пилот општини, и тоа во Прилеп, Штип и Шуто Оризари. Општините се селектирани според наодите и критериумите презентирани во анализите на домашни експерти базирани главно на процент на Роми и број на повратници кои живеат во општините, проценка на капацитетите на општините и невладиниот сектор и економските потенцијали за вработување на локално ниво.
„Потребен ни е системски приод за реинтеграција на повратниците со цел да обезбедиме поширока агенда за социјална вклученост преку спроведување на сет на активности кои ќе придонесат за подобар живот и социјална кохезија. На таков начин ќе обезбедиме и кохезеони политики кои ќе одговорат на потребите на повратниците за нивна реинтеграција, посебно наменети за политиките важни за властите и на национално и на локално ниво за да ги зајакнеме капацитетите на сите бклучени чинители. Техничката поддршка која во сите овие години ја добиваме од УНДП е инструментална. “ – потенцираше Јагода Шахпаска, Министерка за труд и социјална работа.
Ранливоста во повеќе апсекти кај повратниците ќе се опфати преку холистички решенија на краток и подолг рок преку различни модели на техничка поддршка, стратешко советување и градење на капацитети на институциите.
„Успешноста на интервенциите во рамките на проектот ќе се оценува според влијанието врз екононската и социјалната позиција на повратниците и нивните семејства, но и според нивото на вклучување на тестираните механизми во националните законски рамки и програми за економско јакнење и социјална заштита. Ромската популација го сочинува мнозинството на повратниците од Западна Европа, така што проектните активности ќе придонесат и кон поширока инклузија на Ромите.“ – истакна Армен Григорјан, Постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации во државата.
Според Еуростат, во последните 10 години вкупно 17.500 лица од Република С. Македонија побарале азил во земјите на Европска Унија, од кои што најголем дел се Роми. Се прогнозира дека бројката е уште поаларматна, пред се поради бројот на лицата кои сезонски заминуваат во ЕУ и доброволно се враќаат.
Проектот е дел од IPA II Multi-Country Action, EУ поддршка на основните права на ромската заедница и реинтеграција на повратниците, спроведен од УНДП, Светска банка и Совет на Европа реализирана во Србија, Албанија и Северна Македонија.
(фото: Facebook)